Обвинетиот Панче Ангелов за нападот врз актуелната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска на 27.април при упадот во Собранието, се изјасни за виновен на денешното судско рочиште.
Ангелов изјави дека се чувствува виновно за кривичното дело што е наведено во обвинителниот акт.
Според обвинението, тој бил во првата група која влегла во Собранието на 27.април и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес-салата.
Најпрво му упатил закани на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шеќеринска, а фрлил и шише кон други пратеници. И двајцата се здобиле со тешки телесни повреди.
Панче Ангелов е познат во јавноста како човекот кој Шеќеринска, тогашна пратеничка, ја повлече за коса откако беше удрена со метален статив по глава.