Париското обвинителство покрена обвинение против петмина кои се наоѓаат во притвор за вмешаност во нападот во Ница, кога со камион беа прегазени 84 луѓе на Денот на Бастиља.
Тројца осомничени и формално се обвинието за соучесништво во убиство што го извршила група поврзана со тероризам, додека двајца се обвинети за кршење на законот за оружје во врска со припадност кон терористичка група.
Државното обвинителство кое ги надгледува антитерористичките истраги соопшти дека петмината се сомничат дека му помагале на 31 годишниот Мохамед Лауеј Булел да го зиврши нападот.
Според парискиот обвинител се работи за четворица мажи и една жена и дека нападот бил планиран со месеци.
Во меѓувреме, единицата на француската полиција за борба против тероризам побара од властите во Ница да ги избришат снимките од надзорните камери кои го покриваат шеталиштето каде се случи нападот, повикувајќи се на членови од Кривичниот законик.




