Напаѓачот во колеџот во Керч легално поседувал оружје, соопшти премиерот на Крим Сергеј Аксјонов.
– Тој законски поседувал оружје, рече Аксјонов.
Претходно, пратеникот Александар Хинштајн изјави дека 18-годишниот студент Владислав Росљаков минатиот месец добил дозвола за носење пиштол.
Во вчерашниот напад била активирана експлозивна направа, а потоа напаѓачот пукал со пушка.
Властите соопштија дека случајот се води како масовно убиство, а не тероризам како првично што се сомневаа.
Бројот на жртвите се зголеми на 20, соопшти министерката за здравство на Русија, Вероника Скворцова.
– Загинаа 20 лица, меѓу кои 15 студенти и пет вработени на факултетот. Од 15 настрадани студенти, 11 се малолетни, изјави таа.
Министерката наведе дека се хоспитализирани 44 луѓе со „различен степен на повреди“.
Росљаков бил ученик во четврта година. Неговото тело со прострелна рана е пронајдено во библиотеката на вториот кат. Тој немал криманално досие, не бил агресивен, бил примерен ученик и добивал стипендија.
На Крим е прогласена тридневна жалост.




