Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Направил список и исчезнал: „Белгискиот Рамбо“ планира да убие 10 лица, меѓу кои и министерката за одбрана

0
By Sashko on June 2, 2021 СВЕТ
Фото: londonnewstime.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако исчезна кон крајот на минатиот месец, вооружениот војник со прекар „белгискиот Рамбо“, кој му го дадоа медиумите, идентификуваше десет лица кои планира да ги убие, напишал тој во своите писма.

Според локалните медиуми, 46-годишниот десетар Јирген Конингс и оставил писмени пораки на својата поранешна сопруга пред да исчезне, поврзани со план за следење на високи функционери во Белгија. Конингс составил список на потенцијални цели, меѓу кои е и еден од најистакнатите белгиски експерти за ковид-19, Марк Ван Ранст и министерката за одбрана Лудивајн Дедондер. Конингс е осомничен и за планирање напад врз џамија.

Меѓу луѓето кои се под зголемена заштита се и поранешната сопруга на Конингс и адвокатот вклучен во нивниот развод. Полицијата, наводно, обезбедила дополнително обезбедување и на високи лица во белгиската армија, одговорни за разрешувањето на Конингс поради неговите политички ставови минатата година.

Стотици офицери се вклучени во потрагата по Конингс, за кого се тврди дека има крајно десничарски ставови и омраза кон кампањата за вакцинирање против ковид-19.

Конингс беше следен од белгиската агенција за антитероризам. Откако исчезна, вооружен со тешко оружје, министерката Дедондер вети дека ќе го измени законот, со цел воениот персонал да има потежок пристап до арсеналите на оружје без повисоко ниво на безбедност.

Потрагата по Конингс сè уште трае.

„Белгиски Рамбо“ Белгија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.