Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со што им оддаде почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на територија на целата држава, а во МНР ќе биде отворена книга на жалост.
Исто така, на владината седница е донесена одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Северна Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, се додава, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.
Владата на седницата донела заклучок и за активирање на механизмот за барање на меѓународна помош.