Главниот мексикански обвинител Арели Гомес на прес конференција изјави дека наркобосот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман ќе биде вратен во затворот „Алтиплано“, истиот строго чуван затвор од кој побегна на 11 јули лани преку ископан тунел, пренесоа американските медиуми.
Гузман беше фатен вчера утрината во крајбрежниот мексикански град Лос Мочис, а главниот обвинител на Мексико изјави дека локализирањето на наркобосот донекаде се должи на тоа што тој сакал да снима биографски филм.
-Уште еден важен аспект што дозволи да го утврдиме неговот место на престој беше информацијата дека имал намера да сними биографски филм, рече Гомес, цитирана од ТАСС. „За таа цел Гузман стапил во контакт со актерки и продуценти.“

Гузман е еден од најбараните трговци со дрога во светот
По завршувањето на прес конференцијата фатениот наркобарон беше покажан пред камерите и качен во транспортен авион на мексиканските вооружени сили, забележа ТАСС.
Тој вчераутро прво и избегал на потерата преку канал од канализација, но потоа бил фатен кога се обидел да избега со автомобил




