Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народен правобранител: 1.523 повреди на човековите слободи и слободи

2
By Нова ТВ on November 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За четири проценти е зголемен бројот на констатирани случаи на повредени човекови слободи и права во Извештајот на Народниот правобранител за 2016 година за кој денеска се расправаше на продолжението на шестата седница на Собранието на Република Македонија, но не беа утврдени предложените мерки за спроведување на препораките. Од вкупно 43 пратеници кои гласаа, „за“ утврдување на мерките се изјаснија 37, еден беше „воздржан“, а петмина беа „против“.

Според народниот правобранител Иџет Мемети, во Извештајот за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за минатата година, не се констатирани позитивни промени, туку стагнација, а во некои области и назадувања што се потврдува со зголемиот број на повредени наршувањата на човековите слободи и права за четири проценти.

– Констатиравме рекордно, како ниту една друга година, 1.523 индивидуални повреди на човековите слободи и права, а од нив во 1.354 случаи беа прифатени нашите интервенции, што, за жал, не е случај со препораките за констатираните слабости за општите состојби за кои изготвивме бројни извештаи и препораки, рече Мемети.

Имавме, појасни, и се уште имаме крајно  исполитизирани и непрофесионални институции, а некои од нив поради крајната партизација беа ставени во функциоја напартијата.

– Полициско, непрофесионално и брутално постапување, прекумерна употреба на сила на затвоорската полиција кон осудени лица и отсуство на здравствена заштита во казнено-управниците установи, недостатоци на пензискиот систем со штетни последици по осигурениците, необезбедени средства за исплата на права од социјална помош, повреда на право на вработување на лица со попреченост, незаконско депортирање бегалци, противзаконско утвтрдување на наплата на РТВ такса, вода и други комуналии, противуставно оданочување на граѓаните,  како и непрофесионалност во  изборните органи, наведе  Мемети, забележеувајќи дека меѓу останатото, во 2016 година продолжила неказнивоста на полициските службеници, како и декларативното подобрување на условите во затворите.

При активното следење на изборниот процес, според Мемети, е констатирано дека изборните органи како и сите други надлежни органи потфрлиле во очекувањата на граѓаните дека нема да бидат повредени нивните избирачки права.

– И натаму имаме проблематичен Избирачки список. Потребни се итни измени на Изборниот законик, со кој на граѓаните ќе им се овозможи право на глас загарантирано со Уставот,  а дали ќе можат да го остварат тоа право тоа може да биде поврзано со документот за идентификација, рече Мемети, кој реагираше и на тоа што на седницата немало присутни членови на Владата.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека нема голема ефективност од извештаите кои Народниот правобранител ги доставува  до Собранието, во кои, како што рече, се повторуваат истите проблеми. Тоа не значи дека вие не си ја вршите работата во подготовката на извештаите, но говори дека сите заедно како институции не си ја вршиме работата да ги подобриме работите во општеството, рече Димовски, апелирајќи да се најде начин Собранието да се вклучи во одделни случаи преку постојаната Анкетна комисија за човекови права.

Извештај 2016 Народен правобранител Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.