Канцеларијата на Народниот правобранител соопшти дека ќе отвори предмет за да се испитаат наводите во претставката што до нив вчера попладне ја поднело семејството на Митко Чавков, потврдуваат за МИА од Канцеларијата на Омбудсманот.
Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од вчера штрајкува со глад во затворот во Шутка, потврди неговиот адвокат. Тој најави дека денеска ќе побараат вонреден лекарски преглед со кој ќе се утврди вистинската здравствена состојба.