Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народните избраници да ги направат сите измени кои ќе го отворат пристапниот пат кон ЕУ, порача амбасадорката Агелер

0
By Соња Крамарска on January 9, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 9, 2023 12:37

Пристапувањето кон ЕУ е од клучно значење за Северна Македонија и ги поттикнуваме народните избраници да постапуваат во интерес на граѓаните и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои што ќе го отворат пристапниот пат кон Европската Унија, порача денеска амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени, таа рече дека САД го поддржува придвижувањето кон евроатланската интеграции како една долгорочна цел на Северна Македонија.

„Знаеме дека ова се тешки одлуки, граѓаните досега веќе имаат направено многу тешки одлуки, но ние поддржуваме сè што ќе ви овозможи придвижување кон тој пат“, рече Агелер, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Еден од главните предизвици што ја очекува Македонија годинава е процесот на евроинтеграција што, покрај скринингот, реформите, справувањето со корупцијата, носењето на законите и енергетската криза, ќе значи и измена на Уставот и Преамбулата на Уставот.

Не се знае кога Владата ќе донесе одлука за почеток на постапката за менување на Уставот, но за да се стаса до завршувањето на скринингот во ноември потребно е тој да почне на почетокот на годинава. Дали ќе има поддршка за уставни измени, кои што произлегоа од францускиот предлог предизвикан од преговорите со Бугарија, зависи најмногу од обезбедување двотретинско мнозинство (80 гласови) во Парламентот. Засега тоа е неизвесно, иако од владејачките партии тврдат дека работат на негово постигнување.

Анџела Агелер уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.