Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАСА и „Боинг“ со проект за заеднички авион со помала потрошувачка на гориво

0
By Соња Крамарска on January 20, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 20, 2023 11:40

Американската вселенска агенција НАСА и производителот на воздухопловни средства „Боинг“ објавија здружување заради развој на идната генерација комерцијални авиони со помалку испуштање јаглерод. НАСА во овој проект ќе инвестира 425 милиони долари во текот на седум години, а „Боинг“ и неговите партнери – околу 725 милиони долари.

„Целта се комерцијални авиони што ќе бидат поефикасни околу горивото и ќе имаат бројни придобивки за животната средина, комерцијалната авијација и патниците ширум светот. Ако бидеме успешни, би можеле да ги видиме овие технологии во патничките авиони веќе следното десетлетие“, рече директорот на НАСА, Бил Нелсон.

Тој додаде и дека технологиите што се користат и тестираат преку програмата, ќе поттикнат идни проекти и може да доведат до напредок во аеродинамиката и економичноста на горивото. Според НАСА, инженерите ќе се обидат да развијат авион со 30 отсто помала потрошувачка на гориво и помалку испуштање штетни гасови, во споредба со најекономичните авиони денес.

НАСА и „Боинг“ планираат да тестираат иновативно авионско крило што создава помалку отпор и троши помалку гориво. Вселенската агенција има намера да го заврши тестирањето на програмата до крајот на 2020-тите, за да може технологиите и дизајните да се применат на следната генерација авиони.

боинг НАСА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.