Published: Sunday, September 27, 2015 11:19
НАСА најави прес конференција закажана за поденелник на која ќе бидат соопштени најновите сознанија за планетата Марс.
Според најавата станува збор за нови сознанија кои ќе помогнат за подобро разбирање на Црвената планета како и разоткривање на бројните мистерии за неа.
Претставниците на оваа американска агенција за истражување на вселената на прес конференцијата ќе одговараат и на прашања поставени од корисниците на социјалната мрежа Твитер на хаштагот #Ask NASA
НАСА со истражувањата на Марс започна уште во 1960 година.




