Во април 2017 година, научниците преку глобалната мрежа на телескопи успејаа да ја видат и да ја фотографираат првата слика на црната дупка, соопштија денеска научниците од Националната фондација за наука. Тие направиле фотографија на црната дупка во центарот на галаксијата позната како M87.
-Го видовме она што мислевме дека е невидливо. Ја видовме и ја фотографиравме црната дупка, рече Шеперд Долеман, директор на Event Horizon Telescope Collaboration (ЕХТ), глобална мрежа на телескопи кои ја доловија првата фотографија од црна дупка.
Според Европската опсерваторија која е дел од ЕХТ, во обидот да се направи фотографија од црната дупка, научниците ја комбинирале моќта на осум радиотелескопи низ светот. Ова ефикасно создава виртуелен телескоп со иста големина како и самата Земја.
Според НАСА, црните дупки се составени од огромни количини материи концентрирани во мала област, создавајќи масивно гравитационо поле кое се привлекува сè што е околу него, вклучувајќи ја и светлината.




