Утре во 19 часот по европско време, НАСА ќе одржи прес конференција на која треба да најави “откритие вон од нашиот сончев систем”.
Информацијата треба да се однесува на егзопланетите или планети кои се во орбитата на друго сонце. Тоа е единствената информација што ја открива соопштението на НАСА.
Научниците веруваат дека егзопланетите се единствената надеж да се најде живот на друга планета. Многу од нив се откриени и редовно се откриваат и голем дел од нив наликуваат на нашата планета што значи дека на нив може да има живот.
Прес конференцијата ќе биде пренесувана на телевизијата на НАСА и нивниот интернет сајт.
На конференцијата се поканети астрономи и научници од целиот свет. За време на настанот и публиката ќе може да поставува прашања во живо преку хаштагот #AskNasa




