Насилни протести против полицијата се проширија од предградијата на Париз во центарот на градот. Бројот на демонстранти се зголемува близу железничката станица Гер ду Норд, против полициска бруталност, поради наводите дека 22-годишно црно момче било силувано од полицијата.
Тие бараат правда за жртвата која во јавноста се знае како Тео.
„Не забораваме и не простуваме“, извикувале демонстрантите, кога полицијата употребила солзавец за да ја растера масата.
Вчера францускиот министер за внатрешни работи, Бруно Ле Ру инцидентот кој е под истрага го опиша како “трагичен“.
Четворицата полицајци кои учествувале во инцидентот се суспендирани поради прекумерна употреба на сила додека го утврдувале идентитетот на 22-годишното момче.
Еден од нив е обвинет и за силување.




