НАТО им испратил таен документ на земјите членки на оваа организација во кој се набројани начините за реагирање доколку Русија го наруши договорот за укинување на ракетите од среден и мал домет, јавува Ал Џазира Балканс цитирајќи го германскиот весник Sueddeutsche Zeitung. Весникот пак се повикува на свои извори во Алијансата.
Документот е насловен “Што би било кога…” и во него се набројани 39 начини за “скротување” на Русија. Помеѓу нов се наоѓаат и интензивна стратегија за нуклеарно разубедување, поставување на нови системи за рано откривање на ракети и зајакнување на морнарската одбрана. Потоа се додава дека во Европа треба активно да се ангажираат Б2 и Б52 авиони и да се зголеми подготовката на бомбардерите кои се наоѓаат на стариот континент а можат да носат нуклеарна муниција. Документот исто така повикува и за обновување на преговорите со Русија.
Во документот стои исто така дека САД не треба да го прекинат договорот за укинување на ракетите со Русија. Вашингтон има намера да го прекине овој договор и почне со производство на сопствени ракети. НАТО верува дека тоа може да го “заостри анти-американското расположение”.
НАТО е исто така против нови санкции кон Москва поради овој договор.
На прашањето на германските новинари дали овој договор постои, претставник на НАТО ниту демантирал ниту потврдил но изјавил дека во НАТО се разговара за почитување на овој договор.
Договорот забранува поседување на балистички ракети со пречник на делување од 500 до 5.500 км а Москва и Вашингтон се обвинуваат меѓусебно за нарушување на овој договор потпишан во 1987 година.
Агресивно однесување на Русија
Да потсетиме дека генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на 25 август изјави дека Русија за загрозува стабилноста и безбедноста на Европа со “своето агресивно однесување”.
Тој додаде дека “нелегалната анексија на Крим претставува прв случај по Втората светска војна во кој една европска земја со сила зема дел од територијата на друга земја”.
Русија подготвува голема воена вежба “Запад 17”
Денес исто така беше објавено дека Русија ја подготвува најголемата воена вежба од крајот на Студената војна. Вежбата го доби името “Запад 17”.
Британскиот Guardian јавува дека западни официјални лица оценуваат дека на оваа вежба би можеле да учествуваат до 100.000 војници. Вежбата ќе се одржи од 4 до 20 септември во Белорусија во регионот на Калининград на територијата на Русија. Москва вели дека бројот на учесниците е далеку помал.
Претставници на НАТО велат дека Русија и Белорусија не ја најавиле вежбата иако тоа е меѓународна обврска за транспарентност договорен во Виена.
“Жалиме што Русија и Белорусија не ги применија мерките на транспарентност од Виенскиот документ за војната вежба “Запад 17″ во согласност со прописите околу кои се согласија сите членки на ОБСЕ”, се вели во соопштението на НАТО.
Овој документ бара од потписниците однапред да ги најават воените вежби.




