Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО ги повика талибанците да ги преземат сите меѓународни обврски на Авганистан

0
By НОВА ТВ on August 20, 2021 СВЕТ
Afghans crowd at the tarmac of the Kabul airport on August 16, 2021, to flee the country as the Taliban were in control of Afghanistan after President Ashraf Ghani fled the country and conceded the insurgents had won the 20-year war. (Photo by - / AFP)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на дипломатиите на 30-те земји членки на НАТО денеска потврдија дека фокусот на натамошното дејствување на Алијансата ќе биде безбедната евакуација на нивните и на државјаните на Авганистан од Кабул и ги повикаа талибанците, кои ја формираа новата власт, да се борат против тероризмот.

По денешниот онлајн состанок на министрите за надворешни работи, свикан заради  ситуацијата во Авганистан, НАТО преку соопштение ги повика новите талибански власти да се погрижат оваа земја да не стане центар на тероризмот.

„Секоја идна авганистанска влада мора да се придржува до меѓународните обврски на Авганистан и да осигура дека земјата никогаш повеќе нема да служи како безбедно засолниште за терористите“, се наведува во соопштението на Алијансата.

Некои од земјите-членки денеска ги повикаа САД да го обезбедат аеродромот во Кабул колку што е потребно, дури и по евакуацијата на сите американски државјани, бидејќи многу сојузнички земји испраќаат свои авиони за да извлечат што повеќе луѓето оттаму.

Во заедничкото соопштение членките наведоа дека додека траат операциите за евакуација, тие ќе одржуваат тесна оперативна воена соработка на аеродромот во Кабул.

„Наша непосредна задача сега е да ја исполниме својата обврска и да продолжиме со безбедната евакуација на нашите граѓани, државјани на партнерските земји и ранливите групи Авганистанци, особено оние кои помогнаа во нашите напори“, се додава во соопштението на НАТО.

НАТО ги водеше меѓународните безбедносни операции во Авганистан од 2003 година, но ги заврши борбените операции во 2014 година и се фокусираше на обука на националните безбедносни сили на земјата од 300.000 луѓе, кои за само неколку дена беа поразени во талибанската офанзива од минатата недела

Авганистан Кабул НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.