Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО не ја отфрла можноста за одвоено пристапување на Шведска и Финска

0
By Соња Крамарска on February 14, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Брисел изјави дека „напорно работи“ за „што е можно побрзо“ да ги добие конечните ратификации од Турција и Унгарија за пристапувањето на Шведска и Финска во Алијансата, но не ја отфрли можноста за одвоен прием на тие земји.

„Главното прашање не е дали пристапувањата на Финска и Шведска ќе бидат ратификувани заедно, туку дали и двете ќе бидат ратификувани што е можно поскоро“, рече Столтенберг на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата.

„Уверен сум дека ќе ги има и двете ратификации и напорно работам за да го постигнам тоа што е можно поскоро“, додаде тој.

Лидерите на 30-те земји-членки на НАТО одлучија да ги поканат Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата за време на Самитот во Мадрид во јули 2022 година.

Сите земји-членки, освен Турција и Унгарија, го ратификуваа пристапниот договор на двете нордиски земји.

На почетокот на февруари турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за првпат навести дека турскиот парламент може да го ратификува членството на Финска, но не и на Шведска.

Одлуката на шведските власти да ги одобрат демонстрациите пред турската амбасада во Стокхолм, при што беше запален Куранот, предизвика незадоволство кај Анкара, која ги прекина преговорите за ратификација на договорот.

Повеќето Финци веруваат дека влезот на нивната земја во НАТО може да се случи без да се чека Шведска. Сепак, лидерите на двете земји ја потврдија желбата заедно да бидат примени во Алијансата.

Шведска и Финска се веќе високо интегрирани во НАТО со нивниот статус на земји гости. Тие учествуваат на сите состаноци, вклучително и состаноците на воениот комитет и добија безбедносни гаранции од САД, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Полска и Холандија до нивната официјална интеграција во Алијансата.

Во Брисел денеска и утре се одржува состанок на министрите за одбрана на членките на НАТО, а главна тема е испраќањето оружје за Украина, која пред речиси една година беше нападната од Русија.

Столтенберг Финска членство во НАТО Шведска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.