Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО се повеќе загрижен дека Кина би можела да и испорача оружје на Русија

0
By Gabi Tocko on February 28, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НАТО е сè позагрижен дека Кина, која неодамна предложи мировен план од 12 точки за ставање крај на војната во Украина, би можела да и достави оружје на Русија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Говорејќи на нордискиот самит САМАК во Хелсинки, Финска, Столтенберг истакна дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за уште војување додека започнува нови офанзиви, мобилизира повеќе војници и посегнува до Северна Кореја и Иран за повеќе оружје.

Ние сме, исто така, се повеќе загрижени дека Кина можеби планира да обезбеди смртоносна поддршка за Русија, рече тој, повикувајќи го НАТО да продолжи да ја поддржува Украина.

Столтенберг објасни дека дури и кога војната ќе заврши, НАТО „мора да го прекине кругот на руската агресија“ дозволувајќи и на Украина да се одврати и да се одбрани од идни напади.

Генералниот секретар на Алијансата го повика НАТО да обезбеди долгорочни безбедносни аранжмани за Украина, бидејќи таа земја припаѓа на евроатлантското семејство.

Крајот на оваа војна нема да биде враќање на нормалноста во нашите односи со Русија, бидејќи Москва ја разградува целата архитектура на контрола на оружјето, додаде тој.

Според него, земјите од НАТО мора да се посветат повеќе на буџетот за одбрана, дури и ако ризикуваат да ги намалат трошоците за други политики со цел да ја задржат безбедноста во се поопасниот свет.

Тој ја поздрави подготвеноста на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да продолжи со разговорите за ратификација на членството на Финска и Шведска во НАТО и рече дека претставници на засегнатите страни ќе се сретнат следната недела во Брисел.

Време е процесот да се финализира и Шведска и Финска да бидат полноправни членки на нашата Алијанса, нагласи Столтенберг.

загриженост Кина оружје Русија Столтенберг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
ФОКУС

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

ВЕСТИ October 31, 2025

Студентите упатија повик до сите граѓани на Србија да се приклучат на 1-ви ноември во…

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025
ТИКЕР

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.