Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Научниците тврдат:Леонардо Да Винчи има 14 живи машки наследници

0
By Mirjana on July 8, 2021 КУЛТУРА
Visitors look at a portrait drawing of Italian Renaissance painter, scientist and inventor Leonardo Da Vinci during a permanent exhibition on Da Vinci, on the exact day commemorating the 500th anniversary of his death, in Rome, Thursday, May 2, 2019. Leonardo died in Amboise, France, on May 2, 1519. (AP Photo/Alessandra Tarantino)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 8, 2021 13:11

Научниците кои долги години работат врз ДНК на големиот Ренесансен уметник Леонардо Да Винчи, создавач на култната слика на ,,Мона Лиза“, се многу блиску до потврдата на генетската основа за талентот на уметникот.Откриено е дека Да Винчи  има 14 живи машки роднини, изјавуваат аналитичарите на неговото семејно стебло.Очекувањата се овие 14 живи роднини, еден ден да им помогнат на истражувачите да утврдат дали коските од Француската Капела му припаѓаат на италијанскиот генијалец.

Историчарите Алесандро Вецоси и Агнезе Сабато поминаа повеќе од една деценија трагајќи по семејното стебло на славниот сликар. Нивната мапа се протега на 690 години, 21 генерација и пет семејни гранки и ќе биде од витално значење за да им се помогне на антрополозите да ја следат ДНК на Да Винчи со редослед на ДНК на неговите потомци, велат истражувачите.

Надвор од утврдувањето на идентитетот на неговите можни остатоци, секвенционирањето на ДНК на уметникот може исто така да им даде на научниците подобро разбирање на „неговите извонредни таленти – особено неговата визуелна острина, преку генетски асоцијации“, тврдат претставници од ДНК Проектот Леонардо Да Винчи, иницијатива што има за цел да ги искористи генетските информации за да создаде 3D слики на да Винчи преку процес наречен ДНК фенотипизација.

Да Винчи бил сликар, архитект, пронаоѓач, анатомист, инженер и научник. Првенствено самообразован, тој наполни десетици тајни тетратки со необични пронајдоци и анатомски набљудувања.Тука се познатите скици како што е „Виртрувскиот човек“, да Винчи пишувал пораки кодирани во неговиот сопствен стенопис за да ги сокрие студиите од љубопитните погледи. Заедно со деталните цртежи на човечката анатомија, земени од набљудувањата на расечените трупови, неговите тетратки содржат дизајни за велосипеди, хеликоптери, тенкови и авиони. Во новата студија, Вецоси и Сабато користеле историски документи од архивите заедно со директни извештаи од преживеани потомци за да трагаат по пет гранки на семејното стебло да Винчи. Според историчарите, Леонардо бил дел од шестата генерација на да Винчис.Истражувањето на семејната историја на Да Винчи е тешко затоа што само еден од неговите родители може правилно да се следи.Роден како вонбрачно дете во тосканскиот град Анчијано, Леонардо да Винчи бил син на адвокатот од Фиренца Сер Пјеро да Винчи и селанка по име Катерина. Истражувањето на Мартин Кемп, историчар на уметноста на Универзитетот во Оксфорд, сугерира дека Катерина била 15-годишна сирачка за време на раѓањето на Да Винчи, објави претходно „Лајв сајанс“ На 5-годишна возраст, младиот да Винчи бил однесен во неговиот семеен имот во градот Винчи, по кој неговото семејство го зело презимето, за да живее со неговите баби и дедовци. Да Винчи починал на 2 мај 1519 година, на 67-годишна возраст. Не е познато дали имал деца а било изгубено и неговото тело за чии делови има наводи дека биле пронајдени на неколку места во светот.

 

днк Леонардо да Винчи наследници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.