Се работи за дишењето, топлината – еден вид одговор што го добива човек. Убаво е кога некој дозволува да се гали, додека покажува и дека му се допаѓа тоа, вели неврофизиологот.

Физичкиот контакт може да го направи човекот посмирен и посреќен, а понекогаш е доволно и галење мачка или куче, смета шведскиот неврофизиолог Хелена Беклунд Васлинг.

Таа истакнува дека чувството на допир е исклучително важно за луѓето. Во својот научен труд, објаснува дека времето минато со домашно милениче – мачка или куче, може да има смирувачки ефект во разни и различни ситуации. Васлинг, исто така, укажува на разликата меѓу галењето вистински, живи животни и играњето со кадифните играчки.

– Се работи за дишењето, топлината – еден вид одговор што го добива човек. Убаво е кога некој дозволува да се гали, додека покажува и дека му се допаѓа тоа, вели неврофизиологот.

Позитивната реакција по игра со домашни миленици се јавува како резултат на ослободување на окситоцин – хормонот на среќата.