Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наум за БГНЕС: Најприродно е БПЦ да биде наша „мајка-Црква“

0
By Нова ТВ on November 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голема лага е дека Вселенскиот Патријарх веднаш ќе го прекине евхаристичкото сослужување со БПЦ, доколку БПЦ влезе во евхаристичко сослужување со Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), пишува струмичкиот митрополит Наум во анализата на бугарската агенција БГНЕС.

Како што пренесува МИА, митрополитот Наум во својата куса анализа  ја објаснува врската меѓу БПЦ и МПЦ-ОА, на само еден ден пред БПЦ да го разгледува писмото од МПЦ и барањето таа да стане нејзина мајка-Црква.

– Барањето на МПЦ да ја прифати БПЦ како „мајка Црква“, како услов за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, е барање кое со години наназад го слушаме од некои бугарски архиереи. Ова барање МПЦ го смета за нормално, логично и потребно, затоа што некоја Црква и така мора да се јави како „мајка Црква“, која ќе не извлече од изолацијата што ни е наметната од СПЦ и која, потоа ќе не заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви; а најприродно тоа може да биде само БПЦ. „Мајка Црква“ не е толку заедничко за минатото, колку што е заедничка за иднината во Богочовекот Христос. „Мајка Црква“ е љубов, истакнува владиката Наум.

Во анализата тој објаснува дека од моментот кога БПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ-ОА, двете Цркви стануваат „сестрински Цркви“, што значи дека ќе бидат рамноправни, но улогата на БПЦ како „мајка Црква“ тука не престанува во однос на другите православни цркви – БПЦ и натаму ја има честа, пред Бог, да не заштитува, застапува и претставува пред Вселенскиот Патријарх и останатите православни цркви се додека МПЦ не го добие „томосот за автокефалност“ од Вселенскиот Патријарх.

– Некои луѓе од Бугарија велат: „Што ќе ни се две цркви кога и од двете страни на границата живее ист народ?“ И да е така, само ќе ги потсетиме дека грчкиот народ, иако е еден, има пет цркви: Александриската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Вселенската патријаршија, појаснува владиката Наум.

МПЦ-ОА, како што стои во анализата е канонски независна, слободна и црква која не е под ничија канонска јурисдикција, а својата самостојност МПЦ-ОА ја добива со Одлуката на СПЦ од 1959 година.

Според него воспоставување на евхаристичката заедница меѓу БПЦ и МПЦ-ОА е природна последица дури и на „Договорот за пријателство и соработка меѓу Бугарија и Македонија“ и е во согласност со евроатлантските интеграциски процеси кон кои се стреми Македонија со помош на Бугарија.

Митрополитот Наум смета дека се голема лага тврдењата дека Вселенскиот Патријарх веднаш ќе го прекине евхаристичкото сослужување со БПЦ, доколку БПЦ влезе во евхаристичко сослужување со МПЦ-ОА. Вселенскиот Патријарх, како што пишува, е свет човек и добро се грижи за единството на Црквата и нејзините отворени рани. Според владиката Наум, Вселенскиот патријарх попрво би се ангажирал околу смирување на евентуалните црковни недоразбирања отколку да заземе страна.

– Во светот на глобализацијата, повеќе е веројатно дека ќе не молат да влеземе во единство со православните цркви, или дури и ќе не натераат сосила, отколку и понатаму да бидеме изолирани. Во случај на брзо решавање на спорот што Грција го има со нашето име сигурно ќе се реши и статусот на МПЦ, а БПЦ дури тогаш ќе сфати што, пред Бог, пропуштила, пишува владиката струмички Наум во анализата за БГНЕС.

анализа БПЦ Владика Наум Вселенски патријарх МПЦ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.