Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наумов: Опасноста од финансиско злосторство врз граѓаните останува

1
By Нова ТВ on July 15, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Процесот на издавање на еврообврзницата од 650 милиони евра е одложен, но не и прекинат, предупреди на денешната прес конференција, претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Кире Наумов.

Тој вели дека власта побарала правно толкување за важноста на целата постапка од страна на Министерството за правда кое ќе биде испратено до банките за тоа дали е неопходно толкаво задолжување, мислење кое согласно Законот за јавен долг требало да биде издадено пред носењето на одлуката за задолжување.

– Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ по којзнае кој пат спасот го гледаат во својот коалиционен партнер ДУИ. Со ваквото темпо на задолжување Груевски и ВМРО ДПМНЕ ги туркаат граѓаните и РМ кон финансиски колапс. Пари во Буџетот за плати и пензии има. Задолжувањето е за непродуктивни трошења корупција и криминал.  Со ребаланс на Буџетот власта може веднаш да скрати огромни средства за непродуктивни трошоци како 18 милиони евра за Милениумско тркало, 5 милиони евра за барокни фасади, а може да се продаде и мерцедесот на Груевски од 600.000 евра, рече Наумов.

Тој потенцира дека доколку се издаде еврообврзница истата таа треба да се издаде со постапка со која беше издадена во ноември 2015г. Сепак, тој истакна дека за да може да каже колку конкретно и е потребно на задолжување на Македонија во овој момент, треба да има барем минимум увид во Министерството за финансии – ингеренции кои на Наумов му се одземени по оставката на местото дополнителен заменик министер.

Според него доколку цената на еврообврзницата се зголеми при следното задолжување, тоа нема да биде поради неговото писмо испратено до заедничкиот менаџмент на банките кои треба  да тргуваат со еврообврзницата, туку ќе биде поради сомнежите за злоупотреба на средства од ИПА програмата, дефицитот на Буџетот, а е јасен сигнал што Македонија остана и без постојан претставник на ММФ.

– Нема да дозволиме последиците од криминалите, клиентелизмот и расипничкото однесување да ги трпат нашите деца. Ќе се бориме за секој денар, рече Наумов.

еврообврзница задолжување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.