Хозе Мурињо доби отказ од Челзи после катастрофалното отворање на новата сезона. Навивачите на Челзи кои до последниот ден го подржуваа Мурињо, се незадоволни од оваа одлука на сопственикот на клубот Роман Абрамович. Според анкетите во британските медиуми, Мурињо треба да остане во клубот.
Во анкетата на ББС, 62 проценти од читателите сметаат дека Челзи погрешил , а дури 70 проценти на Мирор мислат дека треба да остане во клубот кој пред половина година стана првак на Британија. На Скај Спорт скоро 80 проценти од луѓето гласале дека Абрамович погрешил.
„Мурињо не заслужи отказ“, „Сигурно се шегувате“,„Како тие ќе бидат подобри без Мурињо“, се само дел од коментарите на навивачите на Челзи, после смената на најуспешниот тренер во историјата на клубот.




