Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НБ: Годишен раст од 7,8 отсто на вкупните депозити лани во декември и 8,3 отсто на вкупните кредити

0
By НОВА ТВ Balaban on January 21, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 21, 2022 15:35

Вкупните депозити лани во декември се повисоки за 7,8 отсто на годишна основа, при раст кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, а вкупните кредити бележат раст од 8,3 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ).

– Во декември 2021 година, согласно со сезонската динамика, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2) забележа месечен раст за 2,9 отсто, како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните депозити и готовите пари во оптек, додека долгорочните депозити до две години бележат пад. Во споредба со декември претходната година, паричната маса е зголемена за 8,8 отсто, главно под влијание на растот на краткорочните депозити и депозитните пари, во услови на помал раст и кај готовите пари во оптек и пад кај долгорочните депозити до две години, соопшти НБ.

Вкупните депозити, пак, се зголемени за 2,7 отсто на месечна основа, при годишен раст од 7,8 отсто.

– Притоа, месечниот и годишниот раст се резултат на растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Кај вкупните кредити е забележан месечен раст од 1,7 отсто, којшто во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор. Годишниот раст изнесува 8,3 отсто и е резултат на повисоките кредити на двата сектора, при малку поголем придонес кон растот на корпоративниот сектор, посочуваат од НБ.

Нагласуваат дека вкупните депозити на корпоративниот сектор, во декември, се повисоки за 3,9 отсто на месечна основа.

– Нагорната промена во најголем дел се должи на растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при помал раст на краткорочните депозити во денари, а во услови на забележан пад кај долгорочните депозити во денари и во странска валута. Споредено на годишна основа, овие депозити се зголемени за 11,6 отсто, како резултат на зголемените депозитни пари, краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, додека кај краткорочните и долгорочните депозити во денари е забележан пад. Во декември 2021 година вкупните кредити на корпоративниот сектор остварија месечен раст од 3,1 отсто и годишен раст од 8,7 отсто. Анализирано според валутата, остварен е раст на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити во месечната и во годишната промена, прецизираат од НБ.

Вкупните депозити на домаќинствата, како што истакнуваат, се зголемени за 2,2 отсто на месечно ниво.

– Притоа, месечниот раст главно е резултат на повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при забележан помал раст и кај долгорочните депозити во странска валута и остварен пад кај долгорочните и краткорочните депозити во денари. Споредено на годишно ниво, овие депозити се повисоки за 7,1 отсто како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, при помал раст и кај долгорочните депозити во странска валута, додека долгорочните и краткорочните депозити во денари бележат пад. Кредитите на домаќинствата бележат раст за 0,4 отсто на месечно ниво, којшто во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање во странска валута. Гледано на годишно ниво, кредитите на домаќинствата се зголемени за 7,8 отсто, како резултат на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари, велат од НБ.

Во декември 2021 година, додаваат, кај потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории е забележан месечен раст од 0,9 и 1,4 отсто, при годишен раст од 7,2 и 15,5 отсто.

-Автомобилските кредити, овој месец, се намалени за 0,3 отсто на месечна и 15,9 отсто на годишна основа, додека кредитите одобрени на кредитни картички оствариле месечен пад од 0,8 отсто и годишен пад од  8,5 отсто. Во декември, негативните салда на тековните сметки бележат месечен пад од 9,6 отсто, при остварен годишен раст од 1,5 отсто, додека кредитите одобрени врз други основи се пониски за 2,6 отсто на месечна и 32,5 отсто на годишна основа, нагласуваат од Народната банка.

Депозити НБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.