Атланта не загуби и во третиот настап во НБА лигата во сезоната. „Јастребите“ останаа со максимален ефект и по мечот со Сакраменто што го добија со 106:95. Победата ја осигураа со добра игра во последниот период. Најзаслужни беа Двајт Хауард со 18 коша и 11 скока, дабл-дабл учинок имаше и Пол Милсап (13 поени, 14 скока), по 17 постигнаа Шродер и Корвер. Прво име во поразената екипа беше Руди Геј со 22 поена.
Идентичен скор (3-0) на почетокот на сезоната имаат и кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс по средбата со Феникс (116:98). Крис Пол беше нивна централна фигура на теренот со 24 поени и осум асистенции, Блејк Грифин постигна три помалку од него, но забележа 11 скока под обрачите.
Чикаго го декласира Бруклин со 30 коша разлика. „Булси“ на крај триумфираа со 118:88 на паркетот на „нетси“, а убедливиот конечен исход го најавија уште по првата четвртина што ја решија во своја корист со 18 поени разлика. Џими Батлер реализира 22 коша, Миротиќ додаде 16. Лидер на листата на стрелци кај домашните беше Богдановиќ со 15 коша.
НБА лига
Резултати
Атланта – Сакраменто 106:95
Бруклин – Чикаго 88:118
Торонто – Денвер 105:102
Л.А. Клиперс – Феникс 116:98