Кливленд ја доби „револверашката“ пресметка со Атланта во „Филипс арена“ во најефикасниот меч на НБА паркетите ноќеска со 265 коша. Кавалирси на крајот славеа со 135:100 и притоа забележаа нов рекорд во лигата погодувајќи 25 тројки.
Во преден план изби Леброн Џејмс. Ѕвездата на Кливленд имаше шест прецизни шутеви зад линијата 7,24 метри и натпреварот го заврши со даб-дабл ефект (38 поени, 13 скока и осум асистенции).
Најефикасен, сепак, беше неговиот соиграч Кајри Ирвинг со 43 коша кон кои додаде девет додавања и четири украдени топки. Прв стрелец кај домашните беше Тим Хардавеј Јуниор со 36 поени.
Зад Расел Вестбрук е уште една фантастична изведба. Но, неговите 48 коша, 17 скока и девет асистенциии не беа доволни за триумф на Оклахома против Феникс. „Сонцата“ го изненадија фаворитот со 118:111, лидер во победничката екипа беше Ерик Бледсо со 18 коша.
НБА лига
Резултати
Атланта – Кливленд 130:135
Орландо – Мајами 110:99
Филаделфија – Њујорк 105:102
Вашингтон – Торонто 106:114
Милвоки – Л.А. Клиперс 112:101
Далас – Мемфис 104:100
Јута – Бруклин 112:97
Феникс – Оклахома 118:111
Њу Орлеанс – Сан Антонио 98:101 (по продолженија)
Л.А. Лејкерс – Бостон 95:115