Кливленд го бележи најдобриот старт во сезоната во НБА лигата по 2000 година. „Кавалирси“ имаат четири од четири на почетокот на оваа, откако го совладаа и Хјустон со 128:120. Фокус на натпреварот привлече дуелот Ирвинг – Харден што му припадна на играчот на „рокетси“ со дабл-дабл учинок. Харден забележа 41 поен и 15 асистенции, Ирвинг постигна 32, но имаше повеќе расположени соиграчи како поддршка. Лав додаде 24 коша, Џејмс уште 19 за максимален ефект на тимот.
Голден Стејт, кој важи за еден од главните конкуренти за шампионскиот прстен, беше убедлив до мечот со Портланд. „Вориорси“ триумфираа со 127:104 на крилјата на Кари (28 поени), Дурент (20) и Кларк (22) како изненадување од клупата.
НБА
Резултати
Индијана – Л.А. Лејкерс 115:108
Филаделфија – Орландо 101:103
Детроит – Њујорк 102:89
Мајами – Сакраменто 108:96
Минесота – Мемфис 116:80
Њу Орлеанс – Милвоки 113:117
Сан Антонио – Јута 91:106
Портланд – Голден Стејт 104:127