Не е лесно да се презиваш Трамп а сакаш да присуствуваш на елитната модна ревија Fashion Week во Њујорк.
Тифани Трамп, ќерката на Доналд и неговата поранешна сопруга Марла Маплс, може да се спореди со «грдото пајче». Претседателот ја игнорира и повеќе ја сака Иванка, ќерка од бракот со Чехињата Ивана.
Иванка тврди дека е блиска со Тифани
Тифани дојде на познатата Fashion Week во понеделникот вечер. Но повеќе креатори повикаа на бојкот на Трамп за време на овој настан. И никој не сакаше да седне до Тифани!
Никој не сакал да седне до Тифани
Како што јавуваат медиумите од двете страни на Атлантикот, Тифани требало да седне во првиот ред. Но, поканетите гости и особено новинарите, избегале кога ја виделе Тифани и ја раскажувале авантурата на Твитер.
«Шоуто почна со задоцнување од еден час а новинарите избегаа за да не седнат до Тифани Трамп», напиша Нико Огунаике од магазинот Elle.
На Тифани очигледно и било многу непријатно и набрзо си заминала од настанот.
Слика од детстовото на Тифани, со мајка и и татко и Доналд
Тифани ретко се појавува во друштво на татко и или другите членови од семејството Трамп. За многу Американци останува мистерија студениот однос на Доналд со Тифани.







