Месец дена по отказот во Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо си најде нов ангажман. Темпераментниот Португалец во наредниот период ќе биде ангажиран како стручен консултант на ТВ куќата „beIN Sports“ за време на Азискиот куп што моментно се одржува во Обединетите Арапски Емирати како и за поедини натпревари во Премиерлигата. Соработката со „специјалниот“ ја потврди и Џонатан Вајтхед, претставник на катарската телевизија.
„Среќни сме од можноста да му посакаме добредојде на Жозе Мурињо. Тој е еден од најголемите и најдобрите фудбалски тренери на денешницата и се надеваме дека неговите анализи и харизматичност ќе наидаст на одобрување на нашиот милионски аудоториум ширумн светот“, рече Вајтхед.
Мурињо не е првиот познат лик од врвот на светскиот фудбал што ќе биде присутен на фреквенциите на „beIN Sports“. Како стручни консултанти за ТВ куќата претходно работеа Арсен Венгер, Златан Ибрахимовиќ, Руд Гулит, Јаја Туре, Пол Сколс, итн.