Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не, не се разбираме расисту филип т. петровски

0
By Marija Todorovska on June 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 10, 2025 14:29

Не, не се разбираме непочитуван расисту филип т. петровски! И немам намера да ти држам едукативни предавања и да те убедувам што значат изразите „циганска или педерска работа“, бидејќи тоа е губење време, односно тоа ти е исто како да му кажеш на глуп човек дека е глуп или на мртов човек дека е мртов. Тоа го знаат сите околу него, освен тој самиот. Исто е и со наци(онали)стите, фашистите и расистите! Тие мислат дека за сè се во право.

Дехран Муратов 

Во поткастот „Тешки Муабети“ на „Инфомакс“, со Филип Петровски, Мечка и Миќо, емитуван на 5 јуни 2025, во живо, гостинот Петровски употреби изрази „циган“ и „циганска работа“ во негативен контекст, а во истиот наратив го употреби и „Ром“, со што ја навреди ромската заедница и придонеува кон ширење етнички стереотипи и нетрпеливост. Во истиот поткаст на понижувачки и циничен начин, повеќепати ги употреби зборовите „циган“, „цигнаска работа“, „египќани, еѓупци, роми“…

„Кога велам циган, не мислам на Ромите, тоа е колоквијално различно, нема врска со Ромите (следува хистерично смеење, придружуван од водителот Милош Милошевски – „така е Филип“), кога ќе кажеш „циганска работа“ или „педерска работа“ тоа ти е колоквијално нешто, се разбираме, нели…“, истакна филип т. петровски.

Не, не се разбираме непочитуван расисту филип т. петровски! И немам намера да ти држам едукативни предавања и да те убедувам што значат изразите „циганска или педерска работа“, бидејќи тоа е губење време, односно тоа ти е исто како да му кажеш на глуп човек дека е глуп или на мртов човек дека е мртов. Тоа го знаат сите околу него, освен тој самиот. Исто е и со наци(онали)стите, фашистите и расистите! Тие мислат дека за сè се во право.

Оваа колумна ја пишувам после 5 дена од „тешките муабети“ што беа кажани од петровски, бидејќи сметам дека е небитен лик во општеството, односно неговото влијание и значење во државата е како семафор во GTA играта, или семафор на кружен ток.

Но, сепак неговото „славно минато“ не треба да се заборави. Беше еден од предводниците на протестите (со глад) против отварање на факултети на албански јазик, потоа стана пратеник во македонското Собрание, конзул во САД, директор на Државен архив, еден од блиските луѓе на Груевски, водител на „Сајбер команда“ на Инфомакс…

Деновиве ги следев реакциите на ромските политички претставници, ромските медиуми, активисти… Сите побараа извинување од петровски или во спротивно ќе поднесат (колективна) тужба.

Јас не барам извинување од петровски, барам по допрен глас да реагираат од Обвинителство и Комисија за заштита од дискриминација. Бидејќи тој нема намера да се извини со оглед на тоа дека се изненади зошто водителот на „Инфомакс“, Александар Митевски се извини во негово име, а потоа и вториот водител Милошевски се извини, додавајќи – „на крај ќе излезе македонска работа“.

„На кого им се извини, го прашува Митевски, на Ромите, на YouTube или на ЛГБТИ заедницата. Јас никого не навредив“, вели Петровски.

Но, исто така имаше и говор на омраза кон петровски, се невредуваа цели заедници. Другари, тоа ви е исто како цело дрво да исечете бидејќи има едно скапано јаболко. На говорот на омраза не треба да се врати со говор на омраза, или што би рекле “со иста мера“. Немојте да ја размножувате омразата оти тоа е лошо потомство. И, која би била разликата меѓу вас и филип т. петровски, ако навредувате?

Во изминатите неколку дена не видов реакција и осуда од граѓан(к)ите од сите етнички заедници или НВО. Повторно само Ромите реагираа на говорот на омраза. А, можеби и одомаќинети се изразите – „се циганчи за 5 денари“ или „добив боја ко цигаче на плажа“… За вицовите во наредна прилика!

П.С. Не сум изненаден ниту навреден од нацизмот и расизмот на филип т. петровски и хистеричното смеење на водителот на Инфомакс, ме изненадува молкот на нормалните и прогресивни граѓанки и граѓани.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

дехран муратов Инфомакс Филип Петровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.