Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не очекуваме бегалски бран од Русија во земјава, вели премиерот Ковачевски

0
By Sashko on September 27, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 27, 2022 12:20

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање денеска изјави дека не се очекува бегалски бран од Русија, со оглед на тоа, како што кажа, што ние немаме конекција со Москва, како што имаат некои други држави.

На прашањето, пак, доколку има руски бегалци, дали ќе го имаат истиот третман како украинските, тој кажа дека Украинците имаат третман согласно со меѓународните организации во кои ние сме членки за згрижуавање на бегалци од војна.

„Ние ги донесовме сите потребни одлуки во однос на постојано згрижување или згрижување во транзит, бидејќи дел доаѓаат и потоа заминуваат во други земји. Тоа е нивниот третман, а вашето прашање е насочено на нешто сосем друго. Тие одат во земји каде што имаат директни летови. Кај нас нема директни летови“, одговори Ковачевски по настанот за презентација на Проект за поврзување на локалните патишта.

На прашањето дали се размислува за укинување на визите за граѓаните на Русија, премиерот одговори дека таков предлог нема во моментов.

Во изминатите денови илјадници руски државјани ја напуштаат земјата во обид да избегнат мобилизација, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти. Русите најчесто со автомобили се упатуваат кон Грузија и кон Монголија, каде што чекаат и по 48 часа на граница, бидејќи цената на авионските карти, на оние кои сè уште се достапни, значително се зголеми и достигна по неколку илјади евра. Меѓу земјите на кои на руските државјани им се овозможува влез без виза се и Србија, Турција, Грузија и Ерменија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.