Ивон Величковски: „Не разбирам” зошто Bujar Osmani се жали за албанскиот?
Па освен “Скопје” на овој билборд реално нема ништо македонско и од Скопје?!
Црквата е реплика на белградскиот храм “Св.Сава”, Камениот мост повеќе личи на Бруклинскиот, хеленскиот Букефал добил уште една нога, Калето како да станало Тврдина од Драч …
Проблемот е што овој билборд, како и се друго е професионална импровизација и политичка провокација.
Можам да замислам како го правеле:
– “О.Ѓ.: “Направете дизајн, нешто Камен мост, Александар, ова-она …”
– Вмровец во градската администрација: “Важи шефе, имам другарче со trial верзија на ChatGpt, плаќаме на фактура“?
– О.Ѓ. : „Ќе видиме. Важно да го сликате, демек нешто работиме”.
Аквадукт, Чаршија, Св.Пантелејмон, Стара железничка станица, Даут-пашин амам?
Не, за тоа нема место оти не е „Скопје 2014″.
И после се чудиме што Кичево-Охрид ја промаши трасата и не чини скоро милијарда, што произведуваме лекари што ни ги враќаат од ЕУ, што приклучуваме пумпи за речна вода во градски водовод – па цел Гостивар е со епидемија …?
Извор: Фејсбук



