Грчкиот премиер Алексис Ципрас вели реформите кои се бараат од Атина се “апсурдни” и само го задржуваат прогресот на преговорите, чија цел е да се спречи банкрот на земјата.
Изјавата на Ципрас доаѓа по пристапот на директорот на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард и претседателот на Европската централна банка Марио Драги кон лидерите на Франција и Германија, и претседателот на европската комисија Жан-Клод Јункер, кои разговараат за кризата со грчкиот долг во Берлин.
– Неможноста да се дојде до договор досега не е поради наводната неопопустлива или некомпромисна или неразбирлива позиција на грчката страна. Таа е поради инсистирање на одредени институционални актери да се потчинат на апсурдни предлози, како и демонстрирањето од нив на целосно презир кон демократскиот избор на Грците, изјави Ципрас.
Грција се обидува да ги убеди соите кредитори – Европската унија, Европската централна банка и ММФ да и дадат 7.2 милијарди евра инекција за да се спаси од банкрот.
Еврозоната го одреди наредниот петок како краен рок за завршување на преговорите со цел да им се остави време на институциите и на министрите за да обезбедат парламентарна согласност на замрзнатата помош пред истекот на спасувачкиот пакет за Грција кон крајот на овој месец. Имено, до петок Атина треба да му врати 300 милиони евра на ММФ.




