Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неделните изданија на грчките весници посветени на спорот за името

0
By Нова ТВ on January 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централна тема во грчките медиуми е спорот за името и евентуални конкретни предлози за негово решавање, како и можни сценарија за договор, најавениот протест во Солун, и внатрешно-политички несогласувања во Грција.

Како што јавува дописникот на МИА од Атина, во неделните изданија на грчките весници (кои вонредно излегоа вчера поради празникот Водици во Грција) долгогодишниот спор меѓу двете земји се најде на насловните страници со опширни и детални анализи.

Во прилозите за телевизиите и во анализите во весниците, грчките новинари се задржуваат на неколку точки.

Во однос на можни имиња грчките медиуми, објавуваат евентуални предлози кои на 19 јануари би можеле да се најдат на преговарачката маса во Њујорк на средбата на Метју Нимиц со Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Горна Македонија, Нова Македонија, Северна Македонија, Вардарска Македонија – се дел од имињата кои во минатото биле доставени како предлози, што сега, ги споменуваат грчките новинари како можни предлози, но не ја исклучуваат можноста Нимиц да смисли ново сложено име. Нова Македонија, на македонски, без никаков превод, е името што според медиумите во Грција, и според дел од весниците и според дел од телевизиите е можното име за решение што преовладува во овој момент.

Три предлог имиња од грчка страна на следната средба со Метју Нимиц

Медиумите во Грција ја споменуваат и изразената надеж и од грчкиот премиер и од владиниот портпарол дека во 2018 се отвора прозорец за можност за решение, а оттука произлегуваат и зголемените активности во односите Скопје –Атина.

Според грчките медиуми, евидентна е засилена дипломатска активност за затворање на долгогодишниот спор за името, при што ги наведуваат посетата на вицепремиерот Бујар Османи на Атина, закажана за вторник, и средбите со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговиот заменик Јоргос Катругалос; посетата на Скопје на генералниот секретар на НАТО, новата рунда разговори на 19. месецов во Њујорк под палката на медијаторот Метју Нимиц, како и можна средба на Заев и Ципрас во Давос на 23 јануари.

Во меѓувреме, според грчкиот весник „Real news“, „Северна Македонија“, „Горна Македонија„ и „Нова Македонија“ (на македонски без превод) се трите имиња  што ќе се најдат на маса на средбата на Метју Нимиц со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.

Во текстот со наслов „На маса три имиња за Скопје“, како што јавува дописникот на МИА од Атина, новинарот за неделното издание на весникот, вели дека на 19 јануари специјалниот претставник на ОН, на двете страни ќе им ги претстави трите наведени имиња.

Грчките здруженија, пак, што собираат потписи за терминот Македонија да не биде вклучен во името, преку социјалните мрежи, според грчките медиуми, на 21 јануари организираат протест во Солун, а не е исклучена можноста да се одржат повеќе различни демонстрации, но со истата порака против името Македонија.

Како што во средата јави дописникот на МИА од Атина, демонстрации во Северна Грција, резолуции, собирање потписи, барање за референдум и не прифаќање на какво било име со терминот Македонија се дел од најавените активности во рамките на кампањата под името „Македонија значи Грција“. „Грчката федерација на културни здруженија на Македонците“, заедно со грчките здруженија и организации од дијаспората се главните организатори на активностите, а како медиумски покровители се појавуваат околу 60 медиуми од северниот дел на земјата.

Грчките новинари од Солун, ја искористија можноста вчера додека, солунскиот митрополит Антимос, солунскиот градоначалник Бутарис и министерката за областите Македонија и Тракија, Мариа Коља-Царуха, говореа за празник Водици што се слави во Грција, како што јавува дописникот на МИА од Атина, да ги прашаат и за најавените протести, но и за прашањето за името.

При тоа солунскиот митрополит Антимос и министерката за грчките области Македонија и Тракија се изјаснија дека „Македонија е грчка“.

Коља-Царуха, говорејќи во името на нејзината партија, Независни Грци, рече дека Македонија е грчка и дека Македонија е Грција. Со идентичен став и солунскиот митрополит Антимос, кој вели „Македонија, значи Грција и Грција значи Македонија“.

Единствено градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, упати умерена и пријателска порака.

– Ниту јас, ниту митрополитот не ја изразуваме грчката надворешна политика, ниту пак ја одредуваме. Јас едно знам, дека со нашите соседи треба да имаме добри односи, им изјави солунскиот градоначалник на солунските новинари.

анализи Грција неделни весници спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.