Прекршен е Уставот на 24 декември, бараме оставка од спикерот Велјановски, констатира Уранија Пировска, извршен директор на Хелсиншкиот комитет.
Непочитување на секуларноста на државата, говор на омраза, игнорантен однос на Лустрациска по критиките од Венецијанската комисија, ова е само дел од забелешките во кварталниот извештај на Хелсиншкиот комитет.