Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нега и рехабилитација на деца со интелектуална попреченост во Липково

0
By НОВА ТВ on July 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 26, 2021 17:01

Во новоизградениот специјализиран Дневен центар во село Оризаре, 38 деца со интелектуална попреченост од 2 до 14-годишна возраст од општината Липково ќе бидат подготвувани за соодветно вклопување во редовниот образовен систем. Подготовката ќе ја врши стручен тим составен од рехабилитатор и едукатор, логопед, психолог, социјален работник и физиотерапевт.

Министетството за труд и социјална политика информира дека целта на предвидената индивидуална, групна и окупациска терапија на децата со попреченост е тие од најрана возраст да стекнат и да развиваат вештини за секојдневниот живот.

-Децата ќе ги учат  навиките за исхрана, хигиена и за одржување на сопственото здравје, но ќе стекнуваат и воспитни, социјални, културни и рекреативни активности. Во Центарот ќе бидат организирани и советувања и работилници за помош на родителите на овие деца, соопштија од МТСП.

Според министерката Јагода Шахпаска, преку Дневниот центар и најмалите реално ќе ги почувствуваат социјалните реформи што ги презема Владата.

– Целта на социјалната реформа е да се приближат социјалните услуги до корисниците, до граѓаните. Да се зголеми опфатот на граѓаните кои влегуваат во системот на социјална заштита, да се подобри квалитетот на социјалните услуги, а со тоа да се подобри и нивниот живот. Дополнително да се намали невработеноста и да се подобри животниот стандард на сите граѓани, рече министерката Шахпаска.

Таа денеска на претставници на здружението „Имаго плус“ им ја предаде дозволата за вршење дејност од социјална заштита за услугата нега на деца со попреченост.

Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, рече дека како локална заедница се горди што ја преземаат одговорноста за грижата за децата со попреченост од нивната општина.

-Тие и нивните родители отсега нема да мора да патуваат до градовите за да ја добијат неопходната нега. Дополнително, ние најдобро ги познаваме специфичните проблеми со кои се соочуваат овие семејства, па верувам дека помошта што ќе ја добиваат во новиот Дневен центар во Оризаре ќе биде уште поквалитетна од таа што им беше достапна досега, рече градоначалникот Арифи.

Претседателката на Здружението „Имаго плус“, Земријет Бела Весели, рече дека постојано ги надградува вештините и стручноста во работата со децата со попреченост и нивните родители.

– Сигурна сум дека Дневниот центар и нашиот стручен тим ќе направат исчекор во квалитетот на услугата за децата корисници на услугите на Центарот. Дополнително, на нивните родители ќе им го пренесеме нашето знаење, сѐ со цел, нивните деца да постигнат што поквалитетен развој и подготовка за понатамошниот живот, истакна  Весели.

Според координаторот на Дневниот центар, Аринета Нухија, „нема поголема привилегија од таа да му се помогне на оној кому таа помош му треба“.

-Кога станува збор за децата, возвратниот ефект е уште поголем, зашто најчесто пред вас се случува позитивен напредок кој го гледате и ве исполнува со радост и гордост. Со нетрпение ги очекуваме децата во Центарот, додаде Нухија.

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика, засега се поддржани 19 проекти во 24 општини. Најголем дел од овие проекти, односно 16, се наменети за помош и нега на стари лица во домот, а по еден се за помош на стари лица во дневен центар, за рехабилитација на деца со попреченост и проект за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост во локалната средина.

-За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници. Една од главните цели на социјалната реформа е услугите да им бидат полесно достапни и на корисниците од руралните и најоддалечени региони во државата, наведува МТСП.

Министерството за труд и социјална политика наскоро ќе објави нов јавен повик за дополнителни проекти за општините кои не успеале да аплицираат на првиот повик, а за таа цел континуирано се прави мапирање на потребите на граѓаните.

деца Липково рехабилитација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.