Мирко Мики Видоески: Да се симне Мицкоски од власт повеќе не е само политичка борба туку тоа е – егзорцизам.
Тој не е само човек и политичар туку е зол дух, којшто не го запоседнал само општеството, туку и душите на луѓето.
Секојдневните обраќања до јавноста на него и на неговите слуги се психомагиски чинови, со кои тој агресивно се наметнува како божествен и единствен авторитет во свеста на луѓето.
Тоа е еден вид на психички терор, под чија сугестија и со долготрајна изложеност луѓето ја губат моќта и јасната свест реално, рационално, разумно и свесно да просудуваат.
Тој е политичар кому егото му хипертрофирало до ниво да се претворил во дух кој запоседнува. Неговата партија и неговите медиуми станаа квазицрква која ја проповеда верата во тој зол дух.
Затоа неговиот пад од власт воедно ќе биде и психичко и духовно прочистување на нашето општество.
И понатаму ќе останат многу наследени проблеми но полесно ќе се диши.
Извор: Фејсбук



