Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Негрижа кон дијабетичарите – нема ленти за мерење шеќер

0
By Biljana on March 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 14, 2022 13:12

Аларм од пациентите со дијабетес – корисниците на инсулинска терапија повторно останаа без неопходните ленти за мерење на шеќерот во крвта.

Проблемот го споделија со јавноста преку социјалните мрежи.

„Во Кичево веќе четири месеци нема ленти за Тип 1. Се работи за здравје, не смее ни еден ден да не остават без ленти, а не пак со месеци“, пишува пациент од западниот дел на земјава.

„Замислете, за цел Аеродром, во поликлиниката Јане Сандански донеле само 12 кутии ленти. Дистрибутерот си игра играчки со пациентите“, објави пациентка од Скопје во групата за поддршка на пациенти со Дијабет.

Од Здруженијата на дијабетичари не кријат дека проблемот се провлекува подолг период. Бараат долгорочно и системско решение, а не дополнување на залихите само кога ќе се реагира преку медиумите.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев, вели оти недостиг на ленти за мерење на гликемија се случува во повеќе градови низ Македонија. Тој најавува оти ќе достават и барање за промена на моделот за снабдување со терапија.

„Го подготвуваме барањето за референтни цени. Сите членки на Сојузот го потпишуваат и во текот на оваа недела ќе имаме или прес конференција или соопштение до јавоста. Ќе го поднесеме до Владата и до Министерството за здравство. Бараме како и во другите земји во регионот, пациентите да добиваат потврда за помагало, да може секој пациент да си оди во најблиската аптека и да си купи ленти по сопствен избор. Колку ќе покрие државата, толку. Барем да бидеме обезбедени, да знаеме дека сами си бираме“, вели за НоваТВ, Велев.

Според него, на тој принцип функционирале пациентите во Србија и во Хрватска.

„Таму се зема потврда и одиш во аптека си подигнуваш ленти по свој избор, кој какви сака. За децата до 18 години сите ленти се бесплатни, другите си доплаќаат. Зошто да не е така и кај нас. Зошто да немаме отворен пазар? Зошто да работиме само со три апарати за мерење во аптеките? Зошто да нема по 7-8 на пример“, прашува Велев.

Од Сојузот велат дека подолго време имало недостиг на ленти за мерење на гликемија на трите ударни пункта во Скопје – во поликлиниките Бит Пазар, Јане Сандански и Букурешт.

„Пациентите со Дијабет Тип 1 се покриени, но еве кај двајца повозрасни во оваа категорија пак нема ленти. Ние сме во постојана комуникација со пациентите во Велес, каде на пример, нема ленти за Дијабет Тип 2“, вели Велев и додава дека една месечна терапија за набавка на ленти на приватно секој пациент го чини во просек околу 800 денари.

„Од она што има во аптеките, најефтините се околу 600 денари, а поскапите двојно повеќе. Се зависи кој пациент какви ленти  користи. Но, ние во инсулинските амбуланти терапија добиваме за два месеци, и кога ќе ја подигнеме без ленти, секако ќе мора да си купиме ленти на приватно за тие два месеци. Ова е за пациентите со Тип 2, за Дијабет Тип 1 е поинаку. Кај нив дупло е поскапо. Тие од старт треба да платат околу 40 евра“, додава претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев.

Пациентите се жалат дека најголем проблем имаат родителите со деца дијабетичари. За нив мерењето на гликемијата не е еднократен процес, туку треба да се повторува по неколкупати во текот на денот, што значи и зголемена потреба од ленти, но и поголем финансиски трошок доколку сами си ги набавуваат.

Од Министерството за здравство признаваат дека имало застој во дистрибуцијата на ленти до инсулинските амбуланти.

„Пациентите со дијабет навремено ја добиваат потребната терапија и има доволно количини инсулинска терапија за сите пациенти. Во однос на обезбедувањето ленти, постоеше мал технички застој при транспортот, кој веќе е надминат и од утре непречено продолжува редовната дистрибуција на инсулински ленти“, велат од Министерството во одговор за НоваТВ.

Во меѓувреме, пациентите се снаоѓаат кој како умее. Па, не ретко бараат помош преку социјалните мрежи.

„Дали има некој да ми подари ленти за мерење“, прашува пациентка со Дијабет.

Дел од инсулинските амбуланти останаа „куси“ и за апаратчиња за мерење на шеќер во крвта кои пациентите ги добиваат еднаш на две години. Од Сојузот велат дека пациентите кои подолго се лекуваат од дијабет добиле вакви помагала, но не и новорегистрираните.

(Б.Божиновска)

 

 

дијабетес ленти за мерење на шеќер Сојуз на дијабетичари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.