Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нека ни е со среќа: Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број

0
By Marija Todorovska on June 24, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 24, 2024 09:45

ЏАБИР ДЕРАЛА

Владата на Мицкоски, тринаесеттиот премиер на „нашата земја“, уште не беше изгласана, а веќе доби благослов од новинарски и други „величини“ што поитаа да му се поклонат до земја. Можеби бројот 13 за некои е баксузен, но за Мицкоски сигурно е среќен број. Со толку и такви благослови, премиерот број 13 нема зошто да се грижи за својата иднина. За иднината на „нашата земја“ ќе се грижи, веројатно, некоја друга влада.

За програмата на владата, потпишана од проф. д-р Мицкоски беа кажани десетици илјади зборови во дводневната расправа во парламентот. Самата расправа покажа како ќе изгледа и парламентарниот „живот“ во претстојниот мандат. И кој сѐ од опозицијата ќе (се обиде да) добие столче, макар и триножно, блиску до големата трпезариска маса на власта.

Напишаното во владината програма, начинот на кој тоа е напишано, а уште повеќе тоа што не е напишано, веќе сега им кажува на искусните познавачи на ВМРО-ДПМНЕ што сѐ ќе се случува со економијата, социјалната правда, владеењето на правото, меѓуетничките односи и евроатлантските интеграции… човековите права и слободи… Не грижете се, ништо добро нема да се случува.

Огромната моќ што сега ја имаат Мицкоски и неговата партија не остава простор за оправданија за сѐ што претстои. Но дали е така? ВМРО има „несоборливи аргументи“ да ги оправдаат неуспесите што претстојат. Тие се безброј пати повторени. СДСМ и ДУИ оставија пустош, ја ограбија државата, ја уништија иднината. Затоа, мора сѐ да почне одново. Не можеме да продолжиме со ЕУ интеграциите со вакви институции. Европа ќе почека. Се разбира, и во составот на владата има една боксерска вреќа: Албанците од коалицијата ВЛЕН. Така што, нема потреба од загриженост. Сѐ е подготвено „нашата земја“ да јурне со полна пареа – назад, кон минатото.

Не мора многу да се објаснува, доволно е да се прочита владината програма на 63 страници и да се слушнат две поенти од свечената изјава на премиерот број 13. Тој призна дека „капитулира“ пред „срамната“ придавка на уставното име на државата што ќе ја води. Придавката за него е срам што му го предизвикал СДСМ – нему и на сите негови родени и неродени поколенија. Но рече и дека – додека е премиер – нема да дозволи менување на Уставот под „бугарски диктат“. Што, инаку, е работа на парламентот, но кому му е грижа за такви ситници!? И онака со „нашата земја“ отсега ќе се управува од Белата палата. Целосно. Ако не ми верувате мене, послушајте го премиерот (линк до видео), кога вели „дајте му време на времето“ (или: Il faut donner du temps au temps). Дали ја цитираше француската изрека или го нашол тоа кај Паоло Коељо, (сега) не е важно.

Пред седум години, кога Зоран Заев ја доби првата влада по 11-годишното владеење на партијата што сега има апсолутна власт во државата, го напишав првиот текст во рубриката (подоцна и книга) Рафал со наслов „Честито влада, реконструкција кога?“.

„СДСМ изненади со отсуството на креативност во делот од владата во која контролата не ја наметна ДУИ. Се чини како да ја презеде структурата на претходната, гломазна и неефикасна влада-лавиринт. Ваква каква што е, оваа влада е зрела за реконструкција веќе утре“, напишав за првиот владин состав под водството на Зоран Заев.

Дали такво нешто ќе напишам и за почетокот на владиниот состав на премиерот број 13? Не. Нема што да се реконструира во оваа влада на Мицкоски. Сѐ е добро. Можам само да цитирам еден слоган на кој ме потсеќа оној што отсега ќе се грижи за односите меѓу заедниците: С вером у Бога, за Краља и Отаџбину! Само тако наставите.

Или: Напред, кон минатото!

Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА
За претходните дози еспресо, КЛИКНЕТЕ ТУКА.
13 Христијан Мицкоски Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.