Стив Брус, кој неодамна доби отказ од Њукасл, сака да стане привремен тренер на Манчестер Јунајтед, тврди „The Athletic“. Според изданието, 60-годишниот специјалист, кој е поранешен дефанзивец на „црвените ѓаволи“, верува дека може да го стабилизира тимот и да помогне до крајот на сезоната, по што ќе биде назначен за постојан тренер.

Клубот вчера објави дека Мајкл Керик ќе го предводи тимот додека да се најде привремен менаџер кој ќе ја преземе функцијата до крајот на сезоната. Поранешниот играч од средниот ред најверојатно ќе остане на позицијата до летото, ако добро се снајде во следните неколку натпревари.

Освен името на Брус меѓу кандидатите, останатите споменати опции за преземање на кормилото на Јунајтед до крајот на сезоната се Ралф Рангник, Лоран Блан, Лусиен Фавр, Ернесто Валверде и Руди Гарсија.

Непосредно пред да биде отпуштен од Њукасл, Стив Брус го забележа илјадитиот меч во својата тренерска кариера.