Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

“Нелагодност во Клинтон Фондацијата- за амбиции и финансии”

0
By Нова ТВ on August 15, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 15, 2013 09:08

Влијателниот „Њујорк тајмс“ во истражувачка сторија силно ја нападна Бил, Хилари и Челзи Фондацијата- на поранешниот претседател Бил Клинтон, неговата сопруга и веројатен кандидат на претседателските избори во 2016 година Хилари, како и на нивната ќерка Челзи. Насловот на текстот е- Нелагодност во Клинтон Фондацијата- за амбиции и финансии

Весникот ја истражува улогата на Фондацијата, за која пишува дека служи како расадник за советници на Хилари Клинтон за кампањата за која веќе се подготвува, но и како начин за собирање на пари и оддржување на блиски но и контроверзни врски со бизнисмените.

„Њујорк тајмс“ ги испитува врските на Фондацијата, која треба да промовира хуманитарни проекти во САД и низ светот, со консултантската компанија „Тенео“ на долгогодишниот советник на Клинтон, Даглас Бенд, кој работи со крупни клиенти, меѓу кои и финансиски корпорации вмешани во скандали. Бенд во текстот се нарекува сурогат-син на Бил Клинтон.

Бенд влезе во светот на консултантските услуги, односите со јавноста и трговското банкарство и ангажираше директори од Вол Стрит и советници на Клинтон за „Тенео“. Компанијата работеше на апанажа, добивајќи клиенти кои плаќале и до 250.000 долари месечно. Промотивните документи на Тенео ги истакнуваа врските на Бенд со Клинтон, пишува „Њујорк тајмс“.

Најоспорувана зделка на компанијата е работата со финансиската компанија „МФ Глобал“ на поранешниот гувернер на Њу Џерси, Џон Корзин. Со банкротот на оваа компанија во 2011 година снема 1,6 милијарди долари од влоговите на нејзините клиенти.

„Њујорк тајмс“ пренесува новинарски текст дека Хилари Клинтон била гневна поради соработката на „Тенео“ и нејзиниот сопруг со „МФ Глобал“, за да се спречи нејзино поврзување со големиот финансиски скандал.

Сепак и други проблематични компании биле клиенти на „Тенео“, како британската финансиска корпорација „Стандард Чартерд“, која плати казна од 340 милиони долари поради перење пари за потребите на режимот на Иран.

Медиумите во САД потсетуваат дека Бил Клинтон, на самиот крај на својот мандат во Белата куќа го помилуваше познатиот нафтен трговец Марк Рич, кој беше во бегство под обвинение дека избегнувал да плати данок и работел со иранските власти, поради што евентуалните врски на фондацијата со контроверзни бизнисмени предизвикуваат интерес.

Паралелно со профитните бизниси на „Тенео“, Фондацијата на Бил, Хилари и Челзи Клинтон работи на поврзување на големи корпорации со хуманитарни проекти кои би ги финансирале.

Кредитните компании од САД биле поканети од поранешниот претседател да работат на обезбедување поефтини кредитни линии во сиромашните населби на американските градови, „Проктер и Гембл“ донирал средства за прочистување вода за земјите во развој, Јужна Африка добила значително поевтини лекарства против сида со поддршка на Хилари Клинтон.

Во раните подготовки за изборите во 2016 година, Фондацијата се претвора во изборен штаб на Хилари Клинтон, пишува Њујорк тајмс, со проширување во поголеми простории на Менхетн, и ангажирање на некои од нејзините помошници во Стејт департментот, меѓу кои е и Хума Абедин, сопругата на кандидатот за градоначалник на Њујорк, Ентони Винер, чија кандидатура беше погодена од серија секс скандали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.