НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нелегалните абортуси во пораст, легалните скапи за сиромашните

1
By Менче Атанасова Точи on October 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

https://youtu.be/TRjZG14pB3A

Драстично е зголемен бројот на жени Ромки кои абортираат нелегално во приватни ординации, тврдат за НОВА од Иницијативата на жени Ромки од Шуто Оризари.  Ваквиот подем на нелегални абортуси е забележан во населбата Шуто Оризари каде жените од социјално загрозени семејства се одлучуваат да абортираат нелегално поради високата сума која треба да ја платат на Клиниката за гинекологија, но и заради процедурата низ која треба да поминат за да им биде одобрен абортусот. Со ова тие го ставаат во опасност својот живот и здравје, предупредуваат во Иницијативата на жени Ромки.

“Знаеме какви опасности крие абортусот изведен во несоодветни услови, без операциона сала, но жените се одлучуваат да одат таму бидејќи е поефтино од колку во државните болници“, објаснуваат теренските работнички кои знаат за ваквата состојба.

Една млада жена чиј идентитет нема да го објавиме, за НОВА раскажа како стигнала во една од приватните ординации кои вршат абортуси во нелегални услови и за сума која е пониска од државните болници успеала да изврши абортус.

„Имам пет деца, а останав бремена со шесто.  Немам можности да го одгледувам бидејќи многу сме сиромашни, маж ми собира храна и облека по контејнери. Затоа се одлучив да абортирам во една приватна ординација која го прави тоа надвор од законот. Позајмив пари од брат ми бидејќи веќе не можев да чекам, бев меѓу вториот и третиот месец на бременоста и му платив на гинекологот за да изврши абортус“, ја започна својата приказна младата Ромка која живе во супстандардни услови од населбата Шуто Оризари.

Таа раскажува дека гинекологот во приватната ординација не сакал да попушти и се договориле за сума од 5000 денари во која ќе биде вклучен и еден контролен преглед и антибиотска терапија. Сега е заштитена и со спирала од несакана бременост бидејќи не е во можност да купува  таблети за контрацепција кои во Македонија не се бесплатни, односно не се товар на Фондот за здравство.

Оваа млада Ромка не е единствената што се одлучила да абортира нелегално. Во последната година енормно е зголемен бројот на жени од сиромашните семејства кои се одлучуваат на ваков чекор, објаснуваат од Иницијативата на жени Ромки во Шуто Оризари.

„Од исказите на жените  имаме сознанија дека  тие за нелегално направен абортус најчесто плаќаат по 3000 денари или пак имаме случаи на пазарење, се договараат со гинекологот дека ќе му платат кога ќе земат социјална помош. Жените доаѓаат тука кај нас во советувалиштето „Сакам да кажам“ и прашуваат дали може да им помогнеме финансиски за да можат да платат за абортус на Клиниката за гинекологија, но кога ќе им кажеме дека нема таква можност се одлучуваат за нелегален абортус“, вели Салија Бекир Халим, теренска работничка од Иницијативата на жените Ромки во Шуто Оризари.

centar-za-socijalna-rabota-1

Од тие причини Иницијативата на жените Ромки побарале  одговор од Центарот за социјални работи дали постои некој фонд со кој ќе им се помогне на сиромашните жени за да можат да го платат прекинот на бременоста на Клиниката за гинекологија.

„Побаравме одговор дали може да добијат паричен надоместок или еднократна парична помош за да можат да платат да го извршат абортусот легално на Клиниката за гинекологија. Од таму ни одговорија дека не постои такво нешто“, вели Салија Бекир Халим.

Цената за еден абортус со процедура во операциона сала на Клиниката за гинекологија изнесува 6 812 денари. Жените од сиромашните семејства не се во можност да си дозволат да платат толкава сума бидејќи социјалната помош не изнесува толку и затоа се одлучуваат нелегалниот начин каде плаќаат помалку од половина од таа цена.

cenovnik-za-abortus-1

НОВА праша во Фондот за здравствено осигурување и на Клиниката за гинекологија дали се предвидени отстапки, односно бесплатни или намалени цени на услугите за абортус за социјално загрозените жени. Од таму одговорија дека бесплатен е само абортусот за кој има медицинска индикација како што е на пример плод со малформации, мртов плод или доколку со бременоста е загрозен животот на мајката. Абортусот од немедицински причини, кој се прави заради тоа што мајката не може да го издржува детето заради немање услови за живот, задолжително се наплаќа.

Невладиниите организации уште пред две години предупредуваа дека со измените на  Закон за аборус ќе се зголеми бројот на нелегални абортуси. Тие апелираа дека на жените им се ограничува правото да одлучуваат сами за себе со чекање комисија да одлучи дали жената има право да изврши прекин на бременоста или не. Ситуацијата дополнително ја усложнува финансискиот момент, односно цената која што треба да се плати на Клиниката за гинекологија за извршен абортус што ја доведува во прашање здравствената сигурност на жените кои се приморани да извршат абортус по нелегален пат.

 

 

 

 

абортус нелегален Ромки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.