„Мораме да успееме“ и „тука сме за да ја завршиме работата“ се пораките кои денеска ги упати еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи во гостување на ТВ Сител по самитот на Отворен Балкан. Тој по самитот веднаш ќе отпатува во Софија и рече дека ќе продолжи да ја посетува Софија сѐ додека не се најде решение.
– Не ја посетував Софија зашто имав решение, па затоа и ќе продолжам да ја посетувам, сѐ додека не најдеме решение. Пораките кои ги добив таму не беа ништо ново, да бидам искрен. Се вртиме околу истите теми, но се трудиме да најдеме различни опции како да ги одблокираме работите. Во оваа фаза е прерано да се каже, но се надевам дека со уште работа ќе стигнеме до целта – подвлече Вархеи и додаде:
– Не сум по обложувањето, туку сум по работењето. Сѐ додека постои и најмала шанса, ќе продолжам да работам. Од тука заминувам веднаш во Софија и ќе продолжам да работам за решение во јуни, рече еврокомесарот на прашањето какви се шансите на Северна Македонија со оглед дека останаа уште две недели до Самитот на ЕУ. Сакам да ви кажам дека ние нема да оставиме непревртен ниту еден камен за да дојдеме до решение.