Рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров смета дека нема ниту еден доказ кој укажува дека руската војска била или е присутна на југоисточниот дел од Украина.
Тој порача сите кои сметаат дека Русија е присутна во соседната земја да го потврдат тоа со факти.
– Слушаме од западните партнери дека Русија требало да биде изолирана. Американскиот претседател Барак Обама исто така го повтори тоа. Но таквите обиди нема да успеат. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија никогаш нема да посегне по самоизолација, изјави Лавров.
Тој го повика официјален Вашингтон да продолжат со соработка, а прекинот на соработката помеѓу НАТО и Москва никогаш и не бил по вина на неговата земја.
Лавров додава дека Вашингтон сака да доминира со светот и дека Американците сакаат сите ја прифатат супериорноста на САД.
– Американците се апсолутно некритични за своите потези, а Обама покажува која е суштината на неговата филозофија: „Ние сме број еден. Сите други треба да го прифатат тоа“, вели рускиот министер за надворешни работи.




