Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема конечна одлука во ДУИ за оставките во Владата

1
By Нова ТВ on March 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Централното претседателство на ДУИ денеска не донесе одлука за можноста нивните министри да поднесат оставка во владата со ВМРО-ДПМНЕ, изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети по завршувањето на состанокот во Мала Речица.

Тој рече дека во ДУИ разговарале за деблокирање на статус кво ситуацијата со евентуално поднесување на оставки од страна на министрите на ДУИ во техничката влада со ВМРО-ДПМНЕ. Според Ахмети, новите избори како излез од кризата не се опција за ДУИ.

„Можат да дадат оставки, но нема каде да ги поднесат. Но и да дадат оставки ќе мора да ги извршуваат функциите до избор на нова влада“, изјави Ахмети и додаде дека за оваа опција постоеле различни аргументи.

Тој најави и консултација со правни експерти за разрешување на институционалната и политичка криза, а не исклучи ниту нови лидерски средби со лидерите на останатите политички партии.

Претходно портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека на седницата на централното претседателство, на дневен ред има две точки, меѓу кои и разгледувањето на можноста за напуштање на техничката Влада од страна на функционерите на ДУИ.

„Втората точка се локалните избори. Според Уставот, мандатот на градоначалниците е четири години, веќе следната недела тие поминуваат и настапува еден правен вакум со функционирање на општините. ДУИ ќе разговара и за овој вакум како и за можните кандидати за градоначалници на локалните избори и самиот процес на закажување на локалните избори“, изјави Османи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.