Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема наплив од бегалци во државата

0
By Нова ТВ on July 14, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кризната состојба што лани во август ја прогласи Владата поради бегалската криза, а ја одобри Собранието, и понатаму е на сила и ќе трае до крајот на оваа година.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за Мета, велат дека во моментов ситуацијата на јужната граница е мирна, без масовен притисок, како што беше тоа случај минатата година, кога десетици илјади мигранти и бегалци беа стационирани во импровизираниот камп кај Идомени од грчката страна на границата.

Од ЦУК велат дека припадниците на Армијата на Република Македонија (АРМ) и на полицијата и натаму остануваат распоредени на граничната линија и секојдневно патролираат, според проценките на Армијата и на МВР.

– Ситуацијата е мирна и во транзитниот центар во „Винојуг“, кај Гевгелија, и во кампот на Табановце. Во моментов, во „Винојуг“ има 133 бегалци, додека во Табановце се околу 80. Секојдневно се обидуваме и работиме на подобрување на условите за престој, колку што се нашите можности – вели Надица Вчкова, портпаролка на ЦУК, каде е координативното тело за справување со бегалската криза.

Претседателот Ѓорге Иванов, пред околу две недели, при посетата на МВР, соопшти дека има најава за втор бегалски бран, кој се очекува летово и кој ќе биде сосема поинаков од минатогодишниот.

– Овој бран е веќе тргнат и се чувствува во централно-медитеранскиот коридор – изјави тогаш Иванов, додавајќи дека станува збор за бегалски бран кој трнува од Египет, каде моментално се наоѓаат пет милиони мигранти, додека на границата со Судан имало 20 милиони потенцијални мигранти од Рогот на Африка.

бегалци бран ЦУК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.