Published: Wednesday, April 2, 2025 10:59
Дирекцијата за заштита и спасување информира дека по излевањето на Маркова река во општина Студеничани евидентирана е материјална штета, но нема опасност по жителите од овој крај. 
Еден тим за брз одговор интервенираше со пумпи за извлекување на вода, и истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот. Досегашните информации покажуваат дека ситуацијата е под контрола и нема опасност за жителите, освен моментално евидентирана материјална штета, наведува Дирекцијата за заштита и спасување во објава на Фејсбук.




