Во изминатите 24 часа, до седум часот утринава во тетовската клиничка болница нема починат пациент меѓу заболените кои се на болничко лекување во Ковид центарот. Се намалува и бројот на хоспитализирани во болница.

– За првпат по повеќе од три недели при евиденција на 24 часовните период немаме починат пациент меѓу хоспитализираните.  Има нови девет примени на болничко лекување, а 13 се пуштени дома. Сега има вкупно 84 хоспитализирани од кои 82 се на кислородна поддршка. Бројот на прегледи во амбуланта изнесува135, изјави д-р Миранда Пајазити.

Пред една недела на 31 август имаше 116 хоспитализирани, додека пред две недели на 24 август имаше најголем број 10 смртни случаи за 24 часа.