НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема потреба од нови рестрикции, Скопје со 85 активни случаи, во Тетово – 78

0
By Sashko on July 20, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нема потреба од нови дополнителни рестриктивни мерки бидејќи епидемиолошката состојба е стабилна, е оценка од последниот состанок на Комисијата за заштита од заразни болести, која констатирала лесно зголемување на нови ковид случаи во Скопје и во Тетово Според анализите на Комисијата, ширењето на вирусот во Тетово е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни и друг тип веселби во затворен простор.

– И покрај бројот на активни случаи и позитивни лица на ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Од 221 активен случај во државата, во Скопје има 85, а во Тетово 78. Во вчерашниот здравствен билтен тие имаа и најмногу новозаразени – по четворица од вкупно девет со позитивен тест на вирусот. Во вчерашната статистика беа евидентирани и 53 оздравени и немаше починат пациент.

На вакциналните пунктови низ државата вчера почна имунизирањето со „Фајзер“ на околу 1.800 малолетници над 12 години чии родители/старатели ги пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Паралелно тече и теренската вакцинација во помали места и рурални средини, а спортските сали кои беа отворени како регионални центри за антиковид-имунизација се во функција за ревакцини и почнуваат да се затвораат.

Низ светот се зголемува бројот на инфицирани луѓе, пред сè, поради делта сојот на коронавирусот. Речиси половина од 25-те милиони жители на Австралија сè уште се затворени во своите домови поради ширењето на овој сој, вклучувајќи ги и граѓаните на Сиднеј, најголемиот град во земјата.

Франција трет ден брои по над 10 000 новозаразени, а два дена по ред и Велика Британија бележи над 50.000, меѓу кои и министерот за здравство, Саџид Џавид. Но, во Англија вчера беа укинати речиси сите мерки против коронавирусот и беше прогласен Ден на слободата. Стадионите и големите сали од вчера се отворени со полн капацитет, како и дискотеките, а никакви ограничувања веќе нема ниту во пабовите. Не е задолжителна работата од дома, ниту носењето маска, но се препорачува во јавниот превоз и продавниците.

Според податоците на „Our World in Data“ што ги објави Евроњуз, Европската Унија вакцинирала повеќе луѓе против ковид-19 со прва доза во споредба со САД. Истражувањето покажува дека до саботата првата доза ја примиле 55,7 отсто од граѓаните на ЕУ во споредба со 55,5 проценти од Американците.

САД се, сепак, пред ЕУ во однос на целосната вакцинација, односно 48,1 отсто наспроти 42,5 отсто од населението до саботата се вакцинирани со двете дози.

имунизација Ковид-19 Македонија МЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.