25 луѓе се приведени во судирите меѓу демонстрантите и полцијата во бугарската престолнина Софија, соопшти МВР.

Повредени се девет граѓани и двајца полицајци кои го обезбедувале протестот. Според бугарските медиуми на сите им била укажана лекарска помош, а еден од полицајците е однесен во болница. Нема информации за потешко повредени во судирите.

Протестите започнаа вечерва во 18.30 а до судирот дојде два часа подоцна кога на колоната од повеќе стотици демонстранти им беше спречено да минат низ една од улиците во центарот на Софија.

Демонстрациите започнаа пред неколку дена со барање за намалување на цената на струјата. Интензитетот на протестите доведе и до полтички тензии.

Оставка поднесе министерот за финасии а премиерот Борисов понуди оставка и предвремени избори. Протестите ја добија и подршката на претседателот Плевнелиев.